Светскиот диџеј Стив Аоки носи патики од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски

Светскиот диџеј Стив Аоки носи патики од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски

пред 5 години

Светскиот дицеј Стив Аоки се пофали дека ќе носи патики што за него ги дизајнираше Сатја Грабулоски. Тој објави видео и ги покажа патиките на неговите следбеници.

„Ова се Метазу Аоки патики од моите пријатели. Пораката што ми ја испратија вели дека се рачно нацртани и дека за да ги направат патиките потрошпиле 107 часа. Фантастични се“, рече Аоки во видеото што го објави на инстаграм-стори.

Ова не се првите обувки што Грабулоски и неговиот тим ги направија за познатиот диџеј. Тие и пред две години за него изработија уникатни патики, а тогаш му ги дадоа на едно од гостувањата во Македонија.

За потсетување, Грабулоски со години дизајнира патики за светските ѕвезди, а меѓу оние што носат патики со потписот на Свитадот се и Мајли Сајрус, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс, Дуа Липа, Серхио Рамос, Рајан Тедер, Горан Пандев, Елиф Елмас, Тимур Дибиров и други.

Share
Scroll to Top