Свршеницата го напушти Дарко Лазиќ откако ѝ се заканувал со пиштол

Свршеницата го напушти Дарко Лазиќ откако ѝ се заканувал со пиштол

пред 4 години

Свршеницата на Дарко Лазиќ го напушти пејачот и си заминала кај нејзините родители пишуваат медиумите. Таа си заминала откако Лазиќ ѝ се заканувал со пиштол.

Извори блиски до нив откриваат дека Марина Гагиќ планирала да го остави уште на крајот на минатата година. Еден нивни пријател открива дека Лазиќ за време на нивната послдена расправија, во бес го земал пиштолот и пукал во телевизорот.

„Марина се нервира што Дарко крие некои работи од неа, излегува кога ќе му текне, не ѝ крева на телефон и не знае каде ги минува ноќите. Тие кавги станаа сè понасилни. Неодамна направи хаос. Во еден момент збесна, почна да урла и да фрла работи низ дома, за на крај да извади пиштол. Влезе во дневната соба, каде што беше Марина и пукаше во телевизорот“, открива изворот.

Тој вели дека Марина се плашела за нејзината и безбедноста на синот Алексеј. На крајот решила да се спакува и со детето да замине во родното село. По овој инцидент се јави и Лазиќ, кој изјавил дека станува збор за мала расправија, но дека сè ќе биде во ред.

„Сè е во ред, малку се скаравме. Така е во секоја заедница, има кавги, ништо страшно“, одговорил Лазиќ за српските медиуми.

Share
Scroll to Top