Синоќа, по три години, Северина се врати во Опатија и настапи пред илјадници посетители на Големата летна сцена, објави Индекс.хр.
Таа отпеа над 30 песни што ја одбележаа нејзината кариера, а покрај неа, на сцената се појавија и гудачи, трубачи и бројни други инструменталисти од оваа област.
Таа особено воодушеви од модниот избор што го избра за оваа пригода. На сцената се појави во величествен костим од дизајнерот ZIGMAN. Станува збор за бел корсет украсен со детали, луксузна црна наметка со набори и мрежести чорапи. Црвениот кармин и брановидната коса дополнително го нагласија нејзиниот аутфит.
„Опатија, убавице, еве ме, по три години, повторно на распродадената Голема летна сцена… Моето срце е големо како куќа“, напиша таа пред настапот, објавувајќи серија фотографии.
За потсетување, Северина вчера објави нов сингл наречен „Пумпај, Севе Брате“, за кој самата ги потпишува текстот и музиката.
Низ хумористична и визуелно впечатлива приказна, „Пумпај, Севе Брате“ зборува за вечната борба на жените за вистински мажи – без лаги и манипулации.