Секс за една ноќ

Секс за една ноќ – Reporter.mk

пред 2 години

Дали постојат правила кога сексот за една ноќ е во прашање?

Не барајте авантура на позната територија

Ако тоа е корпоративна забава или забава на кои сите пријатели се знаат, тогаш е најдобро да одите дома сами. Дури и ако ова згодно момче го гледате прв пат, шансата е проголема за да го пронајдете партнерот за една ноќ покрај педесет заеднички пријатели.

Смислете план за повлекување

Веднаш предупредете го дека утрото имате важен состанок. Ако навистина ви се допаѓа, ќе му кажете дека состанокот е откажан.

Не останувајте до утрото

Сексот со речиси непознатиот не е причина да спиете во ист кревет со странец. Помудро е елегантно да се повлечете веднаш по водењето љубов, бидејќи изутрина имате важен состанок. Особено наутро, кога ќе исчезне влијанието на шампањот, можеби ќе се чувствувате засрамено. Одржувањето самопочит е полесно доколку овој момент го доживеете сами со себе.

Договорете се околу сѐ

Имате момче, вие всушност барате маж, уште патите по поранешниот – подобро е да ги кажете сите воведни белешки пред да влезете во таксито.

Не се залажувајте

Сексот за една ноќ не е љубов, не е лична среќа, а ниту лек за осаменост. Со тие симптоми појдете на психолог. Во кревет, со една едвај позната личност, фокусирајте се на физичките, а не на менталните искуства. Бидете спремни дека од вас ќе бара да одите, а дури нема ни да ве испрати до вратата. Најдете сила во себе наредниот ден на друштвените мрежи да не го барате профилот на својот ноќен господин.

После сексот, се заљубивте во него, а тој во вас – не?

Ова ќе мора да го преживеете. Договорот бил сосема поинаков.

Сексот за една ноќ не е за пофалба

Сексот за една ноќе само неколку часа еуфорија, исто така е неморално и естетски непривлечно.

Не оставајте траги на местото на злосторството

Всушност, сексот за една ноќ често се претвара во долга романса. Дали тоа ќе ви се случи и вам, времето ќе покаже. Во меѓувреме, немојте да дозволите да ви се вратат мислите и не оставајте ништо на местото на случување. Особено долната облека, тоа е возбудливо само во филмовите.

Запомнете ги правилата на безбедност

Прво, вашата сигурност во целина. Вие не ја познавате оваа личност и што планира да прави. Надевајте се на најдоброто. Кажете ѝ на другарката со кого одите и на која адреса. Второ, не заборавајте на контрацепцијата.

Share
Scroll to Top