Селена Гомез ја нападнаа поради изгледот: Извади ги тие импланти, ти го збркаа мозокот

Селена Гомез ја нападнаа поради изгледот: Извади ги тие импланти, ти го збркаа мозокот

пред 10 месеци

Селена Гомез за првпат призна дека направила естетска процедура или корекција. Имено, таа откри дека отишла на третман со ботокс. Таа зборуваше за ова за време на онлајн дискусија со нејзините обожаватели кои се загрижени за нејзината врска со музичкиот продуцент Бени Бланко.

„Треба да ги извадиш тие филери/импланти од образите. Изгледа дека ти е испран мозокот“, пишува на еден од коментарите.

„Хахахаха, имам ботокс. Чао девојче“, одговори пејачката и актерката која никогаш не проговори за подмладување и естетските зафати.

Таа одговори и на некои други коментари во кои се препира со нејзините фанови.

“Ако не можеш да се справиш со омразата, престани да објавуваш слики од твоето момче – тоа треба да биде нешто посебно, само помеѓу вас двајца. Не се лути на твоите обожаватели. Тие те сакаат”, напишал еден фан.

 

Share
Scroll to Top