Семејството на Кико им се заблагодарија на сите за собраните пари за неговото лекување

Семејството на Кико им се заблагодарија на сите за собраните пари за неговото лекување

пред 1 година

Откако успеаа да ги соберат потребните средства за лекување во Турција, семејството на малиот Кико им се заблагодари на сите кои донираа и учествуваа во акцијата.

Тие им се заблагодарија за пораките и поддршката кои ги добивале секојдневно и кои на Кико му давале сила да издржи, да се бори и да не се откажува. Пренесоа дека Кико на сите им праќал прегратки и бакнежи.

„Бескрајно сме ви бладорарни на сите знајни, незнајни, на фамилијата, друштвото на сите вас што бевте со нас. На сите што дадовте сè од себе за Кико. Бескрајно сме благодарни на Стефан Лазаров за целата иницијатива за лекувањето и донации за Кико. Во ниту еден миг не нè остави ниту нас ниту Кико, со секој повик, порака и посета му даваше сила да издржи, да се бори и да не се откажува. Нема oткажување никако. Бескрајно сме ви благодарни што се молевте за Кико. Бескрајно сме благодарни и на целиот медициски персонал во Штип и Скопје што дадоа сè од себе за Кико. Бескрајно сме ви благодарни на сите вас што споделувавте на социјалните мрежи и што дониравте на сметки, броеви, на сите вас што се организиравте на секаков начин да собереме средства за Кико. Кико знае дека сите се обединивте за него, цела Македонија и дијаспора заедно за Кико. На сите ви праќа гушки, бакнежи, сите ве сака. Молете се за Кико се да биде добро, убаво и да е среќен. Борбата продолжува Кико е најголемиот борец ќе се избориме сите заедно“, објави семејството на Кико.

Парите за Кико се собрани, момчето оди на лекување во Турција

 

Share
Scroll to Top