Сестрата на Блејк Лајвли се огласи откако актерката поднесе тужба против нејзиниот колега

Сестрата на Блејк Лајвли се огласи откако актерката поднесе тужба против нејзиниот колега

пред 3 дена

Робин Лајвли, постарата сестра на Блејк Лајвли, проговори откако актерката поднесе тужба за сексуално вознемирување против нејзиниот колега од „It Ends with Us“, Џастин Балдони.

Робин (52) на социјалните мрежи сподели извадоци од написот што претходно го објави Њујорк Тајмс. Во нив таа истакна неколку реченици, меѓу кои и тврдењето дека Блејк од самиот почеток била загрижена за Џастин. Во тој напис беа објавени и некои пораки меѓу Балдони и кризниот ПР тим што тој го ангажираше. Според нив, тие имале план да го уништат угледот на актерката.

„Таа е една од најљубезните и најискрените луѓе што ги познавам. Блејк не е негативец. Таа е мајка, сопруга полна со љубов и поддршка, некој кој вложил многу труд во филмот под одвратни работни услови. Сигурно може да не се согласувате со маркетинг кампањата. Направени се грешки, но таа не е креативната личност зад тие одлуки и не треба да сноси исклучива одговорност за нив“, напиша Робин.

Таа, исто така, истакна дека написот на Њујорк тајмс што го сподели, ги повика оние кои стојат зад „немилосрдната и злобна кампања на оцрнување“ чија цел била да се оцрни нејзината сестра.

„Толку сум горда на мојата сестра. Горда што се снајде толку добро и што не попушти, што не дозволи да ја замолчат пред неволјите и лагите. Се надевам дека ова ќе им даде сила на другите да го направат истото“, заклучи таа.

Share
Scroll to Top