Се запознале во болница каде чекале трансплантација на срце, а осум години подоцна се венчале

Се запознале во болница каде чекале трансплантација на срце, а осум години подоцна се венчале

пред 2 години

Пар од САД се запознале во болница каде и двајцата имале трансплантација на срце во ист ден. Тешката судбина ги споила Тејлор Гивенс и Колин Кобеља од САД. Тие денес се најголемата поддршка еден на друг и заедно поминуваат низ сите неволји што им се појавуваат. За време на закрепнувањето, тие се запознале, а нивната подоцнежна врска завршила со брак.

Имено, Колин е роден со срцева мана, а проблемите со срцето на Тејлор биле дијагностицирани за време на студиите. И на двајцата им била потребна трансплантација. Нивните срца на крајот биле трансплантирани истиот ден во истата болница, а потоа биле сместени во истата просторија за опоравување. Колин и Тејлор во таа прилика подобро се запознале, а велат дека се заљубиле пет години по операцијата.

Потоа неочекувано се сретнале во болница на преглед, па така останале во контакт. Колин еднаш ја поканил Тејлор на вечера и тоа било прв пат да се дружат надвор од болницата.

„Беше одлично што почнавте да излегувате со некој на кој не треба ништо да му објаснувате. Само можете да го живеете животот на нормален начин”, изјавила Тејлор за странските медиуми.

Парот се венчал во 2019 година. „И двајцата поминавме низ едно од најлошите искуства што можете да ги доживеете во животот. Дефинитивно можеме да се справиме со се што ќе ни донесе животот“, рекол Колин, кој минатата година имал четврта трансплантација на срце.

„Гледајќи го како поминува низ овие трансплантации и како напредува, ми дава ново чувство на надеж и цел“, заклучила Гивенс, која е најголемиот поддржувач на нејзиниот сопруг.

Share
Scroll to Top