Се разведуваат Мишел и Барак Обама? – Reporter.mk

пред 8 часа

Се појавија шпекулации за можен развод на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. Шпекулациите беа поттикнати од фактот дека Мишел не присуствуваше на државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари 2025 година, но и со најавата дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година.

Нејзиното отсуство поттикна шпекулации за можни брачни проблеми. Иако претставниците на Обама потврдија дека тој ќе присуствува на инаугурацијата, тие не дадоа објаснување за отсуството на Мишел. Оваа ситуација доведе до дискусии на социјалните мрежи, но и до написи во таблоидите.

„Се разведуваат ли Обама?“, „Каде е Мишел? Неволја во рајот?“, пишуваат коментаторите.

Важно е да се напомене дека ова не е прв пат да се појавуваат гласини за брачните проблеми на Обама. Низ годините, медиумите повремено известуваа за наводни несогласувања и проблеми, но парот секогаш остана заедно, честопати јавно зборувајќи за предизвиците и компромисите во нивниот брак. Мишел во неколку наврати спомена дека поминале низ тешки времиња, но заедно ги надминале.

Ниту Барак ниту Мишел Обама не ги коментираа озборувањата.

Share
Scroll to Top