Се родија пет јужноамерикански коати во скопската Зоолошка

Се родија пет јужноамерикански коати во скопската Зоолошка

пред 2 години

Во скопската Зоолошка градина се родија 5 бебиња јужноамерикански коати. Тие се заедно со мајката и бидејќи сеуште се мали не се знае нивниот пол.

dobivaj vesti na viber

„Имаме пет мали јужноамерикански коати кои се постојано со својата мајка и затоа се уште не го знаеме полот. По четвртиот месец ќе почнат и самостојно да јадат, а дотогаш ќе бидат во топлата прегратка на мама“, рекоа од скопската Зоолошка.

Јужноамериканските коати по десет дена од нивното раѓање почнуваат да ги отвораат очите, а по дваесет почнуваат да се движат во нивното гнездо. По дваесет и пет дена од нивното раѓање тие веќе се способни да можат да се качуваат на дрвјата.



Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top