Мутаз Еса Баршим од Катар и Џанмарко Тамбери од Италија се соглаија да го поделат олимпиското злато во скок во височина откако и двајцата без грешка во натпреварувањето скок во височина ги прескокнаа сите летвички до 237 сантиметри.
Сите три обиди за два сантиметри повисоко поставената летвичка беа неуспешни и за катарскиот и за италијанскиот олимпиец. Судијата им понуди или победникот да биде одлучен преку меѓусебна борба или да го поделат златото.
За двократниот светски шампион Баршим ова е трет олимписки медал, по бронзата во Лондон 2012 и среброто во Рио де Жанеиро 2016. Тамбери стигна до својот прв медал на големите натпреварувања во професионалната атлетска кариера.
Бронзениот медал го освои Макси Недасекау од Белорусија, кој прескокна 237 сантиметри, но на патот до таа височина имаше два неуспешни обиди.