Мажот што пред неколку дена трагично се удави на плажа во Западна Австралија е идентификуван како Питер Харди (66). Харди беше најпознат по улогите во „Ќерките на Меклаод“, „Чопер и соседи“, пишува news.com.au. Актерот бил извлечен од водата, не давајќи знаци на живот, минатиот четврток околу 10:40 часот. Случајните минувачи му укажале прва помош до доаѓањето на Брзата помош, но веќе билио доцна. Харди замина да ја посети мајка си. Живеел во Лондон. Непосредно пред трагедијата, актерот на Интернет објави селфи од плажа и напишал : Неколку причини да се биде среќен. Кратко потоа се удавил.
Братот на актерот,изјави дека е скршен од болка поради смртта на помладиот брат. „Почивај во мир, помал брате“, рече тој. Се огласија многу пријатели на актерот, велејќи дека неможат да поверуваат дека се случила несреќата.