Пејачката, текстописец и режисер Сиа има пореметување од спектарот на аутизам.
„Се опоравувам. Има многу работи и детали“, открила Сиа во интервју емитувано на подкаст.
Една од гостите на подкастот била и поранешната учесничка на натпреварот „Срвајвар“, Каролин Вигер, која откри дека имала проблем со зависноста, а дека дрогата е нејзиниот голем порок.
Сиа ја поддржала, и се потсетила дека некогаш се соочила со истите болки.
„Кога конечно ќе седнеме во соба полна со странци и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најмрачни, најсрамни тајни, и сите се смеат заедно со нас, а ние не се чувствуваме како парчиња ѓубре за прв пат, тогаш можеме да започнеме да се појавуваме во светот како нормални луѓе“, раскажала пејачката.
Интересно е што Сиа пред неколку години режирала филм за животот на девојка со аутизам.
Главната улога и ја доверила на својата муза Меди Зигер, за што беше критикувана од јавноста, бидејќи не ангажирала една од актерките кои имаат пореметување на спектарот на аутизам, што подобро би одговарало на темата.
Sia reveals that she is on the autism spectrum. pic.twitter.com/LrYlj0JPqG
— Pop Tingz (@ThePopTingz) May 31, 2023