Сите приказни собрани во филм: Се снима документарец за „Нокаут“

Сите приказни собрани во филм: Се снима документарец за „Нокаут“

пред 6 месеци

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца , намалени контакти,финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. Денеска тие го промовираа спотот за имакфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“.

– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.

Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.

– Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на документарецот.Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Перевски.

 

Share
Scroll to Top