Си-ен-ен: Кина направила пропусти на почетокот на пандемијата на коронавирусот, се појавија доверливи документи од провинцијата Хубеи

Си-ен-ен: Кина направила пропусти на почетокот на пандемијата на коронавирусот, се појавија доверливи документи од провинцијата Хубеи

пред 10 месеци

Американската телевизија Си-ен-ен објавила документи што покажуваат значителни пропусти направени од страна на Кина на почетокот на епидемијата на коронавирусот, пренесува „Курир.рс“.

Документите што излегоа од кинеската пробвинција Хубеи покажуваат дека Кина објавувала помали бројки на заразени од коронавирус, дека ѝ биле потребни неколку недели да ги дијагностицираат новите случаи и дека не ја известиле јавноста за пикот на сезоната на грип во декември минатата година, што се поклопува со времето за кое се јавуваат сомнежи дека во Кина се појавиле првите случаи на заразени со Ковид-19.

Во извештајот означен како интерен документ со назнака „доверливо“, локалните здравствени власти во провинцијата Хубеи, каде што вирусот првпат е откриен, се наведени вкупно 5.918 новооткриени случаи, што е двојно повеќе од службениот јавен број на потврдени случаи.

Оваа бројка на заразени се однесува на 10 февруари. Оваа бројка во тоа време не била јавно објавена, а се чини дека Кина прикажувала податоци за да ја намали сериозноста на епидемијата, е наведено во документот напишан на 117 страници од провинцискиот Центар за контрола и превенција на болестите „Хубеи“, а до кои дошол Си-ен-ен“.

Како што е наведено во извештајот, иако документите не даваат докази за намерен обид за прикривање на налозите, во него се откриени многубројни недоследности за кои властите имале сознанија, како и за она што било откриено во јавноста.

Документите што го опфаќаат периодот меѓу октомври 2019 година и април оваа година, но не целосно, укажуваат на нафлексибилниот здравствен систем, со ограничена бирократија, од врвот па сè надолу, како и големата неподготвеност системот за да справи со појавата на вирусот.

Се додава дека во неколку критични моменти во раната фаза на пандемијата документите даваат јасни докази и укажуваат на институционални пропусти, а еден од највпечатливите моменти се однесува на бавноста на дијагностицирањето на коронавирусот кај локалните пациенти.

Си-ен-ен се јавил во кинеското Министерство за надворешни работи и во Националната здравствена комисија, како и во здравствената комисија на Хубеи, но досега не добиле одговор или каков било коментар, пренесува „Курир.рс“.

Денес, 1 декември, се навршува една година од моментот кога се дозна за првиот пациент кај кого се покажале симптомите на коронавирусот во главниот град на провинцијата Хубеи, Вухан. Во документите е наведено дека Хубеи во тоа време, освен со првите пациенти заболени од Ковид-19, се соочувал и со епидемија на обичен грип.

Share

AnimeTV: Haru no Ashioto The Movie: Ourin Dakkan anime episode Full online free at https://animetv.cc anime tv kissanime

WCOStream: Lupin III: Goodbye Lady Liberty anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream pokemon

Watch Phi Brain: Puzzle of God 3 Episode 25

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Gallery autodesk: https://gallery.autodesk.com/users/J23PNLTYDXMB?relProf=1

Gogoanimelol yolasite: https://gogoanimelol.yolasite.com/

Scroll to Top