Скарлет Јохансон: И покрај 43 милиони долари заработка, дома постојано чувствува „недостаток“

Скарлет Јохансон: И покрај 43 милиони долари заработка, дома постојано чувствува „недостаток“

пред 3 часа

Светски познатата актерка Скарлет Јохансон, која според „Форбс“ во 2025 година заработила 43 милиони долари и била прогласена за најплатена актерка во светот, искрено проговори за предизвиците зад успехот, признавајќи дека совршен баланс меѓу работата и приватниот живот – едноставно не постои.

Во интервју за „CBS Sunday Morning“, ѕвездата од филмовите на Марвел откри дека и покрај огромниот професионален успех, секогаш постои чувство дека нешто останува запоставено.

„Мислам дека признавањето дека не постои рамнотежа меѓу работата и животот е првиот чекор кон прифаќањето на реалноста, затоа што тоа едноставно не е возможно. Секогаш има некаков недостаток во некој дел од животот“, изјави Јохансон.

Актерката признава дека со текот на времето научила да биде поблага кон себе и да не се стреми кон недостижно совршенство.

„Не можете да правите сè во секој момент. Понекогаш треба да се запрашате – дали ова е доволно добро?“, додаде таа.

Денес Скарлет Јохансон не балансира само меѓу филмските улоги. Таа истовремено е сопруга, мајка, претприемач и јавна личност. Во брак е со комичарот Колин Џост, со кого се венча во октомври 2020 година, а во август 2021 година го добија синот Космо. Од претходниот брак со францускиот новинар Ромен Доријак ја има и 11-годишната ќерка Роуз.

Јохансон откри дека нејзиниот поглед кон успехот значително се променил во последните години, особено по мајчинството.

„Некој еднаш ми кажа: ако како родител сте успешни во 75 проценти од времето – тогаш победувате. Искрено, мислам дека тоа е вистина“, рече актерката.

Ѕвездата на „Црната вдовица“ потсети и на своето скромно детство, откривајќи дека нејзиното семејство некогаш живеело од социјална помош.

„Живеевме со социјална помош и купони за храна. Моите родители одгледуваа четири деца во скромни услови на Менхетен. Беше навистина тешко“, открила Јохансон во претходно интервју.

Таа се осврна и на притисокот што го чувствувала како млада актерка на почетокот од кариерата, признавајќи дека раните 2000-ти години биле особено суров период за младите жени во индустријата.

„Жените постојано беа анализирани и оценувани според изгледот. Тоа тогаш се сметаше за сосема нормално, а беше навистина тешко“, рече Јохансон.

И покрај славата, милионските заработки и холивудскиот статус, актерката испрати едноставна порака – дека успехот не значи совршен живот и дека понекогаш најголемата победа е да се прифати дека не може сè да биде идеално.

Share
Scroll to Top