Скопјанец со албанско знаме го прегрна Бензема на синоќешниот меч во Лигата на шампиони

Скопјанец со албанско знаме го прегрна Бензема на синоќешниот меч во Лигата на шампиони

пред 4 години

Навивачот кој влезе на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ со албанско знаме на синоќешното полуфинале од Лига на шампиони и го прегрна Карим Бензема е скопјанец кој живее и работи во Германија. Тој успеа да им побегне на луѓето од обезбедувањето и да излезе на теренот.

dobivaj vesti na viber

Скопјанецот го прегрна Бензема, кој беше стрелец на третиот гол за Реал Мадрид. За потсетување, шпанскиот тим го победи Манчестер сити во интересен натпревар. Во самиот финиш даде два гола и успеа да се избори за продолженија. Бензема со гол од пенал обезбеди финале.

Финалето меѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се игра на 28 мај на „Стад де Франс“ во Париз.

Share
Scroll to Top