Поп пејачката Елена Ристеска настапи на плоштадот во Скопје и ги забавуваше скопјани на новогодишната ноќ.
Таа на социјалните мрежи објави фотографии и се пофали дека се било на ниво со бендот, колегите и публиката.
„Нека ни е среќна и бериќетна новата година, нека ни донесе поубави денови, здравјето да ни е најјаката страна и радоста и успесите да ни се дел од секојдневието“, напиша Елена.
Инаку Елена настапи со бендот на Тоше, а покрај пејачката на новогодишната ноќ настапија и Наум Петрески, Зуица Лазова, Благица Павловска, Ристо Самарџиев, Ферус,Ленче и Горан Кукиќ и момците од „Мерак Меана“.
Фото: Елена Ристеска Инстаграм