Вики Ристоска петта година по ред е национален шампион на Македонија во кросфит. Во моментов таа се наоѓа на 414 место во Европа и на 1500-тата позиција во светот како женска атлета во кросфит.
„Покрај сите изненадувања, радости, стравови, солзи, смеа, дружења, бодрења, викање и карања покажа дека трпеливоста, доследноста и упорноста секогаш ќе вродат со резултат. Затоа биди трпелив и не се откажувај, резултатите сами ќе дојдат“, пишаа од Фитхаб.мк.
Ристоска во 2019 година беше одбрана како единствена Макеоднка да учествува на Светското првенство во кросфит во САД. Таа во моментов важи за најдобриот женски крос фит тренер.