Скопјанка боса 22 часа го качуваше Водно: Ми бевте ветер во грб да го издржам предизвикот

Скопјанка боса 22 часа го качуваше Водно: Ми бевте ветер во грб да го издржам предизвикот

пред 3 години

По 22 часа неспиени и искачени 9.600 метри надморска висина и поминати 42 километри на Водно, младите  скопјаните Ивана Јовановска и Јован Димовски успешно го завршија предизвикот „Еверестинг“. И двајцата се дел од планинарскиот клуб „I love hiking Macedonia“. Предизвикот го започнаа во 21 часот ноќта во петокот, а го завршија во 18:30 минути утредента.  Дополнителен предизвик за Ивана беше што целиот пат го изоде со бози нозе за да им упати порака на граѓаните да се грижат за своето здравје. Еверестинг е искачување на висинска разлика од 8.848 метри во местото каде што живееш и искачувањето е колку највисокиот врв на светот Еверест.

„Во нашиов случај за првпат во земјата имаме девојка, Ивана Јовановска, која боса се искачи на 9.000 метри надморска висина и 21 пат се искачи од средно Водно до врвот на Водно. Неа ја придружуваше најмладиот учесник на еден ваков настан Јован Димовски. Има едно правило а тоа е да нема спиење во целиот процес на еверстингот, велат од планинарски клуб „I love hiking Macedonia”, кои го организираа настанот.

Целта на Еверестинг е побудување на свеста кај жителите на Македонија за здравиот начин на живот и можноста за спорт која ја нуди околината во надворешни услови. Целото искачување се пријавува на светско ниво во асоцијација која вади статистика и која значи кај многуте спортисти.

„По неспиени 22 часа, искачени 9.600 метри надморска висина и поминати речиси 42 километри, јас и Ивана успешно го завршивме Everesting Challenge. Чувството е прекрасно, се чувствуваме уште подобро, но малку изморени. Сакам да упатам посебна благодарност до мојот матичен клуб I love hiking Мacedonia, кој го организираше целиот настан и се грижеше за нас како учесници. Исто така огромна благодарност до сите што дојдоа и ни ја дадоа несебичната и искрена поддршка. Дечки, ни бевте ветер во грб да знаете. Не можам да ви објаснам колку сум ви благодарен”, вели  Димовски.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top