Скоро никој нема да го посети Дедо Мраз во Лапонија за Божик

Скоро никој нема да го посети Дедо Мраз во Лапонија за Божик

пред 7 месеци

Една од најпосетуваните божикни дестинации, Лапонија, оваа година ќе остане скоро празна заради пандемијата со коронавирусот, а домот на Дедо Мраз во Рованиеми во северна Финска ќе биде скоро празен, пренесува „Ројтерс“.

Финците ги усвоија најстрогите мерки во Европа и имаат мал број на заразени, па затоа странските државјани што ќе сакаат да дојдат во Лапонија треба да добијат дозвола, а кога ќе влезат во земјата да останат во карантин две недели.

Во северна Финска, многу бизниси се потпираат на туристите што доаѓаат да го посетат Дедо Мраз. Од селото на Дедо Мраз, кое се наоѓа на осум километри од центарот на Рованиеми, може да се види поларната светлина, а се организира и сафари со снег. Но, бројот на купени аранжмани годинава е неспоредливо помал од претходните.

„Веќе во август беше јасно дека северот на Финска ќе ги почувствува последиците од пандемијата, бидејќи тогаш беше забележан пад од 78 проценти помалку туристи“, велат за „Ројтерс“ од Туристичката организација на Финска.

Финска ги избегна најлошите ефекти од пандемијата пролетта, кога воведе вонредна состојба и го изолира главниот град Хелсинки. Сега бројот на пациенти расте и во Финска, а властите на државата со 5,5 милиони жители објавија дека досега има близу 13.000 заболени и 346 смртни случаи.

Share

AnimeHeaven my anime heaven: Black Clover (https://animeheaven.pro/m/25w8) Episode 170

4Anime danganronpa 4anime: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 20 (https://4anime.biz/m/wXxx/ep-20)

Scroll to Top