Сноуден, Асанж и Менинг номинирани за Нобеловата награда за мир

Сноуден, Асанж и Менинг номинирани за Нобеловата награда за мир

пред 5 месеци

Ирската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1976 година, Мејрид Корган Мегвајер, ги номинира основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, и свиркачите Едвард Сноуден и Челзи Менинг, за Нобеловата награда за мир 2021 година, пренесува „Ајриш тајмс“.

„Секој од нив многупати во својата работа покажа храброст. Откривајќи незаконски работи на властите, кои предизвикаа милиони смртни случаи, тие ги ставија својата слоба и своите животи на коцка. Нивното саможртвување и несебичност претставуваат извонредна демонстрација на величественост на човечкиот дух“, истакнала коосновачката на организацијата Peace People во писмото што го испратила до Комитетот за доделување на Нобеловата награда.

На Џулијан Асанж во моментот му се заканува казна затвор во висина од 175 години ако биде осуден по сите 18 точки во обвинението што се води против него. На Сноуден му се закануваат десет години затвор поради откривањето детали за американското масовно набљудување.

Челзи Менинг е таа што ги откри американските воени злосторства во Ирак и Авганистан и е осудена на 35 години затвор во 2013 година, но е ослободена во 2017 година кога американскиот претседател Барак Обама ја преименува казната.

Менинг повторно беше затворена во март 2019 година по одбивањето да сведочи за врските со Асанж, но беше и ослободена во март минатата година со казна од 256.000 долари.

Share

ANIMEFLIX animeflix dragon ball z: SK8 the Infinity (https://animeflix.nl/m/m5q7) Episode 12

AnimeDao animedao overlord: High-Rise Invasion (https://animedao.nl/m/gVjq) Episode 12

Scroll to Top