Советничката на премиерот, Елена Митева, навредувала новинарка поради објавен текст

пред 3 месеци

Елена Митева, поранешна водителка на „Утринска на Телма“ и советничка на премерот Заев за медиуми, ја навредувала новинарката од ИРЛ Маја Јовановска, која истражувала можен конфликт на интереси кај советничката, ветал од Синдикатот на новинари. Непримерната комуникација се случила откако ИРЛ објави текст со наслов „Дење во владиниот пиар, навечер во приватниот маркетинг“ во кој се запазени сите новинарски стандарди, додаваат од Синдикатот на новинарите (ССНМ) и јa осудија постапката на
Митева.

„Наместо демант, исправка, реакција, жалба до Советот за етика во медиумите или до Советот на честа при ЗНМ – уставни, законски и саморегулаторни механизми што ѝ стоеле на Митева на располагање, а кои ѝ биле понудени и од редакцијата на ИРЛ, таа се определила за испраќање СМС до новинарката со дисквалификации и навреди. Имајќи предвид дека поттикнала и непримерна комуникација на социјалните мрежи, каде што нејзини блиски продолжиле непримерна јавна комуникација која придонела и други личности да се вклучат, ССНМ предупредува дека таквиот начин на комуникација е непримерен и може да се разбере како притисок врз слободата и правата на новинарите во извршување на нивната работа“, стои во реакцијата од Синдикатот на новинари.

ССНМ додава и дека советниците на премиерот, како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација, односно во јавната управа, треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа.

Share

4Anime persona 4 animation crunchyroll: Watch My Hero Academia 2 Episode 16 (https://4anime.biz/m/dkR5/ep-16)

GoGoAnime boku no hero academia season 4 gogoanime: Redo of Healer Episode 12

Scroll to Top