Солзи одамна немам да ве исплачам сите, Игор Џамабазов емотивно се прости од Упа

Солзи одамна немам да ве исплачам сите, Игор Џамабазов емотивно се прости од Упа

пред 4 месеци

Глумецот и шоумен Игор Џамбазов се прости од неговиот пријател и соработник, актерот Љупчо Тодоровски Упа, кој почина денес од коронавирус. Емотивен, откако вчера јавно се прости и од легендарната спикерка Бранка Станковска, Игор вели дека веќе нема солзи за да ги исплаче сите блиски што си заминуваат ненадејно.

„Каде пријателе мој? Ни поздрав, ни порака, ни средба, ништо. Барем да ми се јавеше и во твој стил да ми кажеше: ‘Шо праиш бе детиште?’. И ти беше едно големо дете, поголемо дури и од мене. А серијата? А филмот? А нашата заедничка турнеја низ Македонија на која ќе го рецитиравме Блаже, Гане, Петре, Анте, Миладиновци? Почивај во мир, драг мој другар, солзи одамна немам да ве исплачам сите Вас што така лесно нè напуштате. Збогум Упа!“, напиша Игор.

Упа почина денес на 65 години по компликации од Ковид-19. Освен со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ-продукција и со пишување сценарија.

Познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски – Упа почина од коронавирус

Share

GoGoAnime i want to eat your pancreas gogoanime: Watch The Seven Deadly Sins Episode 3

AnimeFreak animefreak: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) (https://animefreak.ws/m/z5dr) Episode 10

Scroll to Top