Соме и Мелита се во коректен однос заради мене, а коментарите за мајка ми не ги читам: Искрено со Барбара Ракичевиќ

Соме и Мелита се во коректен однос заради мене, а коментарите за мајка ми не ги читам: Искрено со Барбара Ракичевиќ

пред 2 години

Барбара, ќерката на Мелита Ракичевиќ, неодамна славеше матура. Таа заврши во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, а за матурската вечер таа избра фустан во боја на шампањ, од модната дизајнерка Ива Спасовска. Сепак, впечаток остави заедничката фотка со нејзините родители, Мелита и Соме. Таа често споделува фотографии со нејзината мајка, но ретко кога со татко си Владимир Соме-Ракичевиќ, кој беше познат менаџер на ноќниот живот во Скопје во деведесеттите. Мелита и Соме одамна се разведени.

Со Барбара за Репортер зборувавме и за матурската вечер, за предизвиците понатаму, музиката, но и разводот на нејзините родители.

„Соме и Мелита се во коректен однос и поради мене и поради долгите години зад нив. Во главно гледаат секогаш поради мене заеднички да ги прославиме некои мои големи успеси“, открива Барбара и вели: „Имав околу 12 години кога се разведоа. Тоа мене многу ме погоди и секако дека бев тажна. Нивната разделба ја преживеав на свој начин, но на крајот од денот сепак, сè уште ги имам двајцата среќни покрај мене“, вели Барбара, која едно време беше дел од естрадниот магазин Бекстејџ. Вели дека засега не ги чувствува многу трагите од разделбата, но“ понатака во животот ќе видиме како мѝ влијаело сè тоа“.

Не ги штеди зборовите па за своите родители и вели дека иако свесна дека разводот, сепак и мајка и ѝ татко и за неа се прекрасен пример, секој на свој начин и поради тоа и највеќе ги почитува и ги сака. Како и сите млади девојки на нејзина возраст и таа сака да излегува и да се дружи. Тоа што е ќерка на познати родители, вели секогаш било добра страна. „Јас сум дружељубива и социјална личност. Ме има низ град, излегувам, се дружам и ми е проблем тоа што однапред ме знаат мене или моите родители. Сум имала многу врати отворени, а ретко некоја затворена, но сепак се повеќе позитивни отколку негативни моменти“, вели Ракичевиќ. Во разговорот дознавме дека името Барбара го добила заради нејзината мајка Мелита, па вели дека и благодарна што ја крстила така и дека со гордост го носи името.

Барбара од неодамна почна да пее по клубовите и најчесто настапува со балканска музика, сегашни и постари хитови, но пее и помодерни песни за нејзините генерации.

„Љубовта кон музиката ја имам од најмала возраст кога ме запиша на клавир и на соло пеење. И тоа е можеби една од најдобрите одлуки на моите родители“, вели Ракичевиќ. Повеќе не е дел од „Бекстејџ“, па вели дека заминал оттаму, оти веќе немале исти идеи. „Се сменија многу работи, па веќе не ми одговараа ни мене ниту на нив. Но, беше едно супер искуство додека траеше“.

Нејзината мајка Мелита, некогашна водителка, е често присутна во јавноста, особено на инстаграм. Неретко споделува провокативни фотографии, заради кои има многу коментари во јавноста. Ја прашавме Барбара, како реагира таа на ова. вели: Воопшто не ме допира ништо, а не ни читам најчесто. Секогаш барам мислење само од моите блиски и тоа го вреднувам затоа што знам кој најискрено ќе ми укаже на грешките. За нашиот македонски „хејт“ не сум засегната. Јас од моите родители ги имам задржано оние морални вредности, почит кон другите како и општата култура. Благодарна сум им што секој ден се трудат од мене да направат едно скромно девојче кое знае да е љубезно со сите и да помогне на секој“, вели Барбара. Летово ќе има настапи низ клубовите во Македонија, ќе оди на одмор во Грција и сè уште размислува каде на студии. “ сè уште не сум сигурна точно каде, но нешто околу бизнис и менаџмент секој случај“, додава Ракичевиќ

Александра Георгиев

Share
Scroll to Top