Старлетата Сораја Вучелиќ рано утрово е уапсена во Будва, тврди порталот „Република“. Таа наводно околу 5 часот утрото била притворена во алкохололизирана состојба и била задржана на трезнење.
„Се работеше за зголемена контрола на сообраќајот, а Сораја сс преправала дека не е тестирана на алко тест. На крајот сепак прифатила да биде тестирана, а тестот покажал дека таа е под дејство на алкохол, кој го конзумирала предходно“, изјавил изворот за „Република“.
Сораја Вучелиќ пред три години заврши во медиумите поради притворот во Жабљак. По тој повод се пишуваше дека е уапсена со пријател, а таа набрзо се огласи и откри за што се работи.
„Не ме уапсија, како што пишува, но заедно со другарката ме доведоа на разговор, двајцата го возевме нејзиниот автомобил за кој таа немаше документи со себе, а таа ја заборави возачката дозвола. Најголемиот проблем беше што автомобилот беше регистриран на италијански регистерски таблички, но се е решено. Нема потреба да се создава прекумерна медиумска помпа“, изјавила тогаш Сораја за „Ало“.