Софија Вергара поднесе забрана за приоѓање на 34-годишен маж за кој тврди дека ја демне

Софија Вергара поднесе забрана за приоѓање на 34-годишен маж за кој тврди дека ја демне

пред 11 месеци

Софија Вергара и нејзиниот син Маноло добија привремена забрана за приоѓање што актерката ја бараше против мажот за кој тврди дека ги следи.

Во документите се наведува дека мажот постојано доаѓал во близина на нивната куќа. Софија тврди дека во јули годинава „шетал низ ридовите за да го заобиколи обезбедувањето“ и викал дека таа е „неговата“. Таа изјавила дека 34-годишниот маж по име Грегори Браун е „ментално нестабилна личност која е убедена дека лично ја познава“.

Таа тврди дека тој ѝ испратил и вознемирувачко писмо во кое ја наведува својата намера наскоро да ја најде и да биде со неа.

„Тој се занимаваше со следење и вознемирување насочено кон мене, што ми предизвикува сериозна вознемиреност и нервоза. Континуираното, агресивно и вознемирувачко однесување и пораките на Браун ми предизвикуваат постојана емоционална вознемиреност“, изјавила Вергара.

Вергара тврди дека Браун во минатото бил уапсен за насилство, поради што е многу загрижена за нејзината безбедност.

Share
Scroll to Top