Викендов во Центарот за култура во Битола се одржа концерт на Анета и групите „Молика“. Концертот почна со песни за Битола, а потоа во прекрасна атмосфера и во полна сала се пееја најубавите песни на „Молика“. Разиграна публика, весели лица, аплаузи, беше само дел од амбиентот. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за царската Црква, „Успение на Пресвета Богородица“ и „12 Апостоли“ која се наоѓа на Битолско кале, над Битола, и е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола.
Благослов за концертот даде и владиката Петар, кој се обрати со поздравот Христос воскресе. И фолк пејачката Анета ја поздрави публиката велејќи дека ова е ноќ кога сте заедно ќе пеат сите хитови на Анета Мицевска и група „Молика“ и подмладокот на „Молика“. Таа побара од битолчани да ја поддржат иницијатива за хуманитарни концерти.
(А. Г.)
Фото: Фејсбук