Со молитва во Загреб ќе се одбележи 40 роденден на Тоше

Со молитва во Загреб ќе се одбележи 40 роденден на Тоше

пред 5 месеци

Хрватската дискографска куќа „Хит рекордс“, во недела, 24 јануари, во Загреб организира молитва со која сака да го одбележи 40. роденден на Тоше Проески. Молитвата за Тоше ќе се одржи во капелата на Роков перивој, откако ќе заврши неделната миса.

„Еден ден пред неговиот 40. роденден, сакаме со молитва ќе му оддадеме почит и да се сетиме на единствениот Тоше. Сеќавањето на човекот, кој остави неизбришлива трага со своите дела, човечки и музички, не смее да згасне. Нè напушти прерано, кога имаше само 26 години, но зад себе остави исклучително богата ризница во која, кога ќе ѕирнеме денес, ќе сфатиме колку е талентиран. Голем човек и хуманист, тоа е само мал дел од сè што беше Тоше во текот на неговиот живот. Иако времето застана за неговите обожаватели во 2007 година, Тоше Проески сè уште живее во срцата на сите нас“, велат од „Хит рекордс“.

Тоше, кој е роден на 25 јануари 1981 година, загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на 16 октомви 2007 година. Оттогаш неговите фанови од поранешните ју-републики, секоја година ги одбележуваат и неговиот роденден и денот кога загина.

Фото: Д. Перковски

Share

4Anime 4anime sign up: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 (https://4anime.biz/m/2EVn) Episode Full

KissAnime kissanime weathering with you: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 10

Scroll to Top