Музичарот Павле Камилоски се ожени со планинарката Ирина Дишовска. Свадбената веселба почна во домот на семејството Камилоски, со традиционални македонски песни.
Карактеристично за Павле и неговото семејство, оти тие се Галични, свадбата беше во духот на традицијата, сосе тапани, одење по невестата, песни од реканскиот крај без кој не може да се замисли свадбата на глаичаните.
Родителите на младоженецот ја даруваа невестата со злато, а потоа следеше венчавката во Соборениот храм „Св. Климент Охридски“.
Свадбената прослава е во еден познат скопски ресторан. Двојката го одигра свадбениот танц. Невестата носеше модерна венчаница со шлиц, а Павле пак избра костум. Двојката чека и принова.