„Спајс грлс“ повторно ќе се соберат на венчавката на синот на Дејвид и Викторија Бекам

„Спајс грлс“ повторно ќе се соберат на венчавката на синот на Дејвид и Викторија Бекам

пред 5 години

Поранешната британска група „Спајс грлс“ ќе се соберат заедно на венчавката на Бруклин, синот на Дејвид и Викторија Бекам.

Британските медиуми пренесуваат дека Викторија е таа која се погрижила за нејзините поранешни колешки Гери Хорнер, Мел Би, Ема Бунтон и Мел Ц да бидат дел од овој голем ден за неа и Бекам, но засега останува нејасно дали девојките ќе пејат на венчавката.

Мел Ц минатиот месец рече дека е можно групата повторно да се собере заедно и дека тоа било желба на сите во групата.

„Постојано зборуваме за тоа. Девојките имаа досега неколку состаноци и тоа е нешто што сите сакаме да го направиме. Работиме на сите детали околу ковидот и ќе се обидеме тоа да го оствариме“, рече Мел.

За потетување, Бруклин треба да се венча со 27 годишната Никол Пелтц, а церемонијата треба да се случи на имотот на семејството на Никол на Флорида на 9 април.

Share
Scroll to Top