Станете побогати и посреќни во 2021 по советите на Елена Христафарида, руски спиритуелен водич

Станете побогати и посреќни во 2021 по советите на Елена Христафарида, руски спиритуелен водич

пред 6 месеци

Елена Христафарида е руски спиритуелен водич. Taa откри три ритуали кои ако ги примените во точно определено време, многу е веројатно да ви донесат подобра, посреќна и побогата 2021 година.

Направте некоја промена

Добро е на 31 декември да облечете барем едно ново парче. Ако не фустан или костум, тогаш барем долна облека или некој аксесоар. Важно е  да го носите на полноќ. Така ќе си направите пат кон нови предизвици во животот, на професионален план или во љубовта. Многу е важно тоа парче навистина да ви се допаѓа, а не само да го купите колку да помине редот.

 

Ослободете се од непотребните работи  

Задолжително ослободете се од непотребните работи. Во некои земји постои традиција да се исфрли стариот мебел на новогодишната ноќ.

Станте магнет за пари 

По 22 часот на 31 декември и пред 12 часот напладне на први јануари, обидете се да не позајмувате или давате пари. Ако тоа е неизбежно, дајте ги парите со десна рака, а земете ги со лева. Но, прво оставете ги на маса или на каква било друга површина на неколку секунди, не пренесувајте ги директно.

За поголем прилив, земете ја највредната банкнота што ја имате во паричникот и точно во 23 часот на 31 декември поклопете ја со чаша од која планирате да пиете или веќе сте пиеле за новогодишната ноќ.

Пред полноќ превртете ја чашата, наздравете земете ја банкнотата со лева рака и држете ја во моментот кога и официјално ќе влеземе во 2021 година.

Share

4Anime hunter x hunter 4anime: The Promised Neverland Season 2 Episode 11

KissAnime kissanime mobile: Attack on Titan (https://kissanimeonline.com/m/GM) Episode 25

Scroll to Top