Балканската старлета Станија Добројевиќ добила понуда да глуми во порно филм. Откако направила профил на еден сајт за возрасни, продуценти од Унгарија и пратиле понуда од 8000 евра за да снимаат краток филм со нејзиниот дечко Марко.

„Точно е дека ми стигнуваат понуди, но јас сепак не сакам да снимам такви филмови. Ова што го работам за „Само фановите“, ми се допаѓа затоа што самата можам да снимам и да се сликам како сакам. Секако дека понудите ми ласкаат, но повеќе сакам кога сум сам свој газда“, вели таа.







