Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски доби подарок за неговиот јубилеен 100 натпревар во дресот на Динамо Загреб. До бројката од 100 одиграни натпревари за Динамо Загреб, дојде неодамна, а од клубот му се заблагодарија на посебен начин.
Пред вчерашниот меч против Шибеник, Ристовски доби урамен дрес со бројот 100.