Стогодишен часовник во Јапонија застанат од земјтотрес почна пак да работи

Стогодишен часовник во Јапонија застанат од земјтотрес почна пак да работи

пред 4 години

100-годишниот часовник во Јапонија, кој престана да работи во 2011 година кога азиската земја беше погодена од силен земјотрес, почна повторно да отчукува по помал земјотрес на почетокот на оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Часовникот, сместен во будистички храм, беше потопен во цунами кое го погоди североисточниот брег на Јапонија по силниот земјотрес во март 2011 година, при што загинаа повеќе од 18 000 луѓе. Неговиот сопственик Буншун Сакано се обиде да го поправи, но без резултат. Меѓутоа, кога помал земјотрес ја погоди оваа област 10 години подоцна, часовникот започна повторно да работи. Земјотресот се случи на 13 февруари, неколку недели пред десетгодишнината од трагедијата, а Сакано забележа следното утро повторно отчукувањето на часовникот, додека проверуваше дали е можна штета од земјотресот.

Два месеци подоцна часовникот сè уште работи. Според јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“, часовникот се наоѓа во храмот Фумонџи во регионот Мијаги, кој заедно со соседната Фокушима бил сериозно погоден од земјотресот и цунамито. Сакано, чиј храм служеше како база за волонтери по земјотресот, вели дека пронашол инспирација во рестартирањето на часовникот. „Можеби ме турка да напредувам со нова решителност. Во знак на охрабрување е дека вистинската реконструкција допрва претстои “, рече 58-годишникот.

 

Share
Scroll to Top