Судијата отфрли 10 од 13 тужби на Блејк Лајвли против Балдони

Судијата отфрли 10 од 13 тужби на Блејк Лајвли против Балдони

пред 7 часа

Судијата што ја води правната битка помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони отфрли 10 од 13-те тужби што актерката ги поднесе против својот колега, задавајќи ѝ значаен удар пред судењето. Двојката ќе се соочи на суд следниот месец по преостанатите три точки.

Отфрлени се повеќето тужби
Американскиот окуржен судија, Луис Џ. Лиман, во четврток ги отфрли повеќето тужби на Лајвли, вклучувајќи ги и оние за вознемирување, клевета и заговор. Сепак, тој дозволи судењето да продолжи по потесни обвиненија, вклучувајќи прекршување на договор и две точки за одмазда.

Судијата Лиман пресуди дека некои од нејзините барања немаат правна основа, вклучително и оние што зависеа од нејзиниот работен статус. Од друга страна, тој утврди дека другите барања, како што се оние за одмазда, имаат доволна основа за да продолжат на судење.

Со одлуката отвфрлена е тужбата за одмазда според федералниот закон и калифорнискиот закон за работа, како и одредени барања против поединечни обвинети. Сепак, нејзиното барање за одмазда против продуцентската компанија Wayfarer и поврзаните компании ќе продолжи на судењето закажано за 18 мај.

Позадина на мултимилионскиот спор
Случајот беше поднесен во декември 2024 година, кога Лајвли поднесе тужба против колегата во филмот „It ends with us“.

Share
Scroll to Top