Султанот од Брунеи e опседнат со секс и има авиони и автомобили направени од злато

Султанот од Брунеи e опседнат со секс и има авиони и автомобили направени од злато

пред 2 години

Султанот од Брунеи, Хасанал Болкија (75), е познат по тоа што е опседнат со секс, обожава скапи свадби, а често се вози и во својот златен „боинг“.

Неговата опседнатост со оргиите во дворецот беше откриена од страна на поранешната мис на САД, Шенон Маркетиц, која подоцна ги тужеше него и брат му Џефри. Тие ја држеле како сексуална робинка.

Шенон тврдела дека таа морала да танцува секоја вечер во нивниот приватен ноќен клуб од 22 до 3 часот наутро. Вели дека ја третирале како проститутка. Шенон за магазинот „Пипл“ ги обвинила султанот и брат му дека ја дрогирале и ја злоупотребувале, а кога, конечно, се вратила во САД, ги тужела за 10 милиони долари.

Шенон тврди дека султанот ѝ нанел душевна болка. Таа имала кошмари, несоница и други трауми. Браќата побарале дипломатски имунитет, а султанот за обвинението рекол дека е полошо и од убиство. Случајот бил отфрлен.

Болкија е познат и по своето огромно богатство, кое се проценува на 28 милијарди долари. Тој е вториот најбогат монарх во светот по владетелот на Тајланд.  Познат е по своите скапи венчавки.

За себе си организирал и финансирал дури три венчавки. Секоја чинела повеќе од десетици милиони долари. Болкија е татко на 12 деца и многу внимава кога се во прашање нивните бракови. Секоја од раскошните венчавки на неговите пет деца траела повеќе од една недела и секоја чинела 10 милиони долари.

Дека обожава забави, покажа и за својот 50-ти роденден во 1996 година кога потрошил повеќе од 40 милиони долари. Прославата траела две недели и  на неа се појавиле повеќе од 3.000 гости во палатата. Мајкл Џексон пеел трипати за време на прославата, а за трите настапи султанот му платил 25,8 милиони долари.

Сепак, Болкија не е премногу популарен во светот. Тој ја доби титулата и за најомразен владетел на светот по донесувањето на едни од најригидните закони во земјата. Тој предвидува да се казнат сите крадци, со тоа што ќе им ги пресече рацете, а на мислиманите им забрани да пијат алкохол.

Оние што нема да го почитуваат законот ќе бидат камшикувани. Припадниците на ЛГБТ-заедницата ќе се каменуваат до смрт.

Повеќето од холивудските ѕвезди, згрозени од ваквите закони, решија да го бојкотираат султанот. Актерот Џорџ Клуни беше меѓу првите што повика на бојкот на неговите хотели, како што се „Дорчестер“ во Лондон и „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес. Тоа го направија и Џеј Лено, Елен Деџенерис, Шерон Озборн, Ричард Бренсон и Клив Дејвис.

Бојкотот на познатите џет-сет ѕвезди не го загрижи Болкија. Султанот е на престолот повеќе од половина век, 52 години. Познат е по тоа што е сопственик на 7.000 скапи автомобили. Поседува неколку авиони, чиј ентериер е во злато. Тој троши 35.000 долари за да отпатува со приватен авион кај берберот.

Омилениот стилист му ги стриже косата и брадата еднаш неделно.

Болкија владее со земја во која има 415.000 жители. Владата обезбедува бесплатно образование, здравствена заштита, пензии и кредити со ниски камати за купување куќи и автомобили.

Нафтата е извор на целото богатство. Магазинот „Форбс“ ја рангира на петтото место на најбогати земји. Алкохолот е забранет и речиси воопшто нема ноќен живот или културни настани.

Додека султанот Хасанал Болкија и неговите браќа Џефри и Мохамед се придржуваат кон исламскиот закон, сè друго што прават е спротивно од Куранот и на законите што ги наметнал.

Share
Scroll to Top