Сценарист за ертоските сцени на Том Круз и Никол Кидман: Меѓу нив немаше никаква страст, само кариерата им беше важна

Сценарист за ертоските сцени на Том Круз и Никол Кидман: Меѓу нив немаше никаква страст, само кариерата им беше важна

пред 1 година

Оскаровецот и познатиот сценарист Фредерик Рафаел во неговата последна книга Last Post, се осврна на поранешната двојка Том Круз и Никол Кидман. Во книгата напишал дека еротските сцени кои ги снимале ги правеле само за слава и дека меѓу нив немало никаква страст, пренесе „Њујорк Пост“.

За време на нивната врска, Том Круз (61) и Никол Кидман (56) се појавија во три филма заедно, Days of Thunder, Far and Away и филмот на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut.

Деведесет и едногодишниот Рафаел и сценаристот за еротската драма од 1999 година, зборуваше за искуството со Кјубрик и за енигматичниот филм во кој глумеа Круз и неговата тогашна сопруга Никол.

Во книгата, која е структурирана според писмата од луѓето кои влијаеле на неговата кариера, сценаристот му пишува на Кјубрик и го обвини Том Круз и сопругата на Кјубрик, Кристијан Харлан и нејзиниот брат Јан Харлан, дека се обидувале да го избришат неговиот придонес во конечната верзија на снимањето, па дури и дека ја уредувале содржината на неговата страница на „Википедија“.

„Никој никогаш не ме нарекол лажго како кланот Харлан и Том Круз, егоцентричен контролен изрод со кој никогаш не сум разговарал“, пишува тој во книгата.

По завршувањето на снимањето, сценаристот го обвини актерот дека се обидел да го манипулира со понуда за работа. Исто така, ја истражувал поврзаноста на Круз со скиентологијата, сугерирајќи дека потребата на актерот за контрола се протегала и надвор од филмскиот сет.

„Круз ми понуди работа откако завршивме со снимањето. Сакаше да ме има под контрола. Од друга страна, се чини дека контролата што му беше потребна ја најде во скиентологијата“, пишува Рафаел.

Исто така ја доведе во прашање и намерата на Кјубрик да профитира од реалната страст и автентичноста на Круз и Кидман, што имплицира дека нивниот брак во реалноста можеби не бил толку веродостоен како што бил на екранот.

„Во едно можете да бидете сигурни. Што и да открие парот јавно за својата врска, тие ретко ги објавуваат клучните информации. Дали навистина мислевте дека Круз и Кидман ги поврзува вистинска страст и дека не се прегрнати во кариеристичка врска?, пишува познатиот сценарист.

По прикажувањето на филмот во 1999 година, бракот на Кидман и Круз заврши, а неколку години подоцна, австралиската актерка се омажи за Кит Урбан.

Додека голем дел од критиките на Фредерик Рафаел беа насочени кон Кјубрик и Круз, тој ја нападна и Кидман, доведувајќи ја во прашање нејзината ѕвездена моќ и недостатокот на успешни филмови до тој момент.

„Кидман е ѕвезда за многу луѓе веќе долги години: можете ли да помислите на некој нејзин филм што сакавте да го видите повторно?“, стои во неговото писмо до Кјубрик.

Share
Scroll to Top