Таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финале на Олимпијадата

Таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финале на Олимпијадата

пред 5 години

Македонскиот спортист Дејан Георгиевски (22) се пласира во финалето на Олимпискиот турнир во таеквондо, откако во полуфиналето го победи Јужнокореецот Кјо Дон Ин во категорија +80 со 12-6.

Последен пат Македонија доби медал пред 21 година кога Мохамед Ибрахимов, кога тој ѝ донесе бронза во борење на ЛОИ во Сиднеј.

Пред овој меч, истово утро, тој го го победи светскиот шампион Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, во категорија +80 со 9.4.

Георгиевски ќе се бори за златен медал со Русинот Владислав Ларин во категоријата над 80 кг.

Share
Scroll to Top