Пејачката Тамара Тодевска откако потврди дека се разведува по 7 години брак со сопругот Александар, два дена на големо се зборува за нивната разделба. Покрај кометарите по социјалните мрежи за причините за разделбата, сега се зборува и за заедничките фотографии со Мачка кои Тамара ги избршала од својот Инстаграм профил. Пејачката не ретко споделуваше нивни заеднички фотографии, начесто од семејните одмори, зимувања, роденденски прослави.
За потсетување, по седум години брак се разведе Тамара со сопругот Александар. „Да, вистина е дека се разделуваме со Мачка, но ние и понатаму ќе продолжиме да контактираме редовно. Ние имаме две деца, и секако дека тие ќе можат да растат и да го поминуваат времето со својот татко. За мене најважни се децата и моја желба е тие да останат заштитени. Ги разбирам медиумите дека сакаат да ја објават веста, но сега ми се најважни децата кои мора да останат настрана од оваа приказна. И Хана и Дарен одат на училиште, веќе не се мали, па затоа со Мачка имаме одговорност да ги заштитиме“, ни изјави за Репортер поп-пејачката.







