Веќе традиционално четврта година по ред, фестивалот кој е предвесник на богатата културно забавна програма на Охрид, ќе се оддржи од 26 до 28 јуни, на кеј Македонија, пред хотелот Палас.
Три дена исполнети со македонска музика и преубаво вино и храна.
Тамара Тодевска, Ареа, Дац и Александар, Влатко Лозановски – Лозано, Брас Брадрс, Д Бекдор Бенд, Куку Леле, Камелеон и многу други изведувачи ќе ја надополнат и онака позитивната атмосфера на винско дегустирање и експлозија на вкусови.
Повеќе од 20 македонски винарии и вкусна охридска храна и деликатеси е тоа што овој фестивал го нуди на посетителите.
Покровител на настанот е Општина Охрид, а организатор на истиот е “Крафт продукција”.