Тања Савиќ се сврши во Египет со 11 години помладиот партнер

Тања Савиќ се сврши во Египет со 11 години помладиот партнер

пред 3 години

Пејачката Тања Савиќ тајно се сврши во Египет. Неодамна ја објави првата фотографија со нејзиниот нов партнер, Мухамед Муки Бешиќ, кој е 11 години помлад од неа. Фановите го забележаа на неа и свршеначкиот прстен.

„Секогаш можете да си дадете нов почеток, бидејќи никогаш не е доцна да бидете она што го сакате. Љубов. Храброст. Дали некогаш сте застанале и сте помислиле: ‘Леле, се молев за ова, а сега е тука и ми се случува’“, рече Савиќ.

Уште во март призна дека е во љубовна врска но, досега не сакаше да го открие партнерот. Во моментов двајцата со нејзините деца се на одмор во Египет, а според пишувањата на медиумите Муки ја запросил на романтична вечера.

Извор близок до Тања рече дека досега неколку пати раскинувале и се смирувале, бидејќи нивните семејства биле против поради разликата во годините и затоа што се од различна вероисповед. Уште една пречка е тоа што Савиќ сè уште е официјално во брак со Душан Јованчевиќ.

Share
Scroll to Top