Темна шапка и чанта од Чаршијата: првата дама на погреб кај кралицата

Темна шапка и чанта од Чаршијата: првата дама на погреб кај кралицата

пред 1 година

Претседателот Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска вчера и денеска се во посета на Лондон по повод државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Во текот на вчерашниот ден претседателот и сопругата оддадоа почит на посмртните останки во Вестминстер. Денеска, присуствуваа на погребната служба во Вестминстерската опатија.

dobivaj vesti na viber

„Како што налага протоколот, претседателот и сопругата беа облечени во темно. Сопругата на Пендаровски овој пат сама се погрижи за изгледот заедно со својата кројачка со која соработува со години. Вчера носеше црн класичен фустан, а денеска мантил-фустан и шапка. Во однос на додатоците, вчера носеше охридски бисери, кои ги има од претходно, а чантата ѝ од занаетчија од Старата чаршија“, велат за „Репортер“ од Кабинетот на претседателот.

Елизабета Ѓеоргиевска речиси на сите јавни настапи е облечена во модни парчиња исклучиво од македонски дизајнери и секогаш ја поддржува македонската мода.

Share
Scroll to Top