Повеќе од милион возила на Тесла ќе бидат повлечени од пазарот поради грешки со механизмот на прозорците што може да ги приклешти екстремитетите на патниците во возилото.
Автоматскиот систем на страничните прозорци неможе соодветно да ги заштити возачите во проблематичните возила, од кои има над милион во САД.
Прозорците на одредени возила на Тесла може да се затворат со поголема сила од дозволената. Иако не е јасно колкава сила дозволува механизмот за затворање на прозорците, компанијата во документите на Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата рече дека првпат станала свесна за проблемот на 19 август 2022 година, кога било откриено дека перформансите на автоматскиот систем имале варијации на поголеми од очекуваното.
Производителот на автомобили брзо започна истрага за проблемот и спроведе тестови за усогласеност со повеќе режими користејќи различни позиции на прозорците. Резултатите од истрагата беа прегледани од 5 до 11 септември, по што Тесла одлучи да иницира доброволно отповикување.