Тимишвар, Веспрем и Елевсина се европски престолнини на културата за 2023 година

Тимишвар, Веспрем и Елевсина се европски престолнини на културата за 2023 година

пред 2 години

Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција оваа година ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година.

Овие градови ја преземаат титулата од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022 година го славеа европското културно наследство.

Грција по четврти пат има град кој е прогласен за Европска престолнина на културата. Вакво именување досега имаа Атина во 1985, Солун во 1997 и Патра во 2006 година. Овојпат е Елевсина – родното место на старогрчкиот трагичар Есхил, град кој е спој на античка слава и индустриски развој.

Градот Елевсина лоциран дваесетина километри западно од Атина, од 19 век се трансформирал во еден од најголемите индустриски центри во Грција. Фабриките кои повеќе не се во функција станале згради што ќе бидат домаќини на современата индустриска и технолошка историја на градот.

Проектот Европска престолнина на културата 2023 се обидува да ја открие невидливата страна на Елевсина, означувајќи нова ера за градот и неговата транзиција кон нов модел на развој.

Еден од најстарите унгарски градови – Веспрем во 2023 година ќе биде Европска престолнина на културата, заедно со регионот на езерото Балатон и планинскиот предел Бакони. Според организаторите, проектот можност да се прикажат вековните традиции, културната разновидност, гастрономијата и природните убавини на Веспрем, а неговиот епитет „град на кралиците“ да биде дополнет со заштитен знак: „град на културата“.

Мултиетничкиот Темишвар во Романија, некогашниот мост меѓу Австро-унгарската империја и Југоисточна Европа и од 1880 до 1914 година најважниот индустриски, комерцијален, финансиски и културен град во регионот Банат, ќе се претстави со програма чија цел е да се поттикне граѓанската енергија.

Share
Scroll to Top