Градоначалникот на Општина Аеродорм, Тимчо Муцунски со синот Иан и сопругата Симона беа заедно на Маалски игри без граници, настан кој се одржа во паркот кај „Авиончето“.
Целта на настанот беше да се вратат децата во парковите и спортските терени, да се социјалзираат и да се дружат преку игрите кои се дел од детството.
„Минатата работна недела ја завршивме заедно со Иан на Маалски игри без граници – интересен настан кој имаше цел да ги поттикне младите да спортуваат, да ги едуцира за важноста на здравиот живот и да промовира повеќе дружба. Настан чиј домаќин и поддржувач беше Општина Аеродром и кој евидентно донесе нови содржини за граѓаните, радост и среќа за дечињата“, рече Тимчо.