Тинејџерот Даниел Луис исчисти 25 тони ѓубре од својот град

Тинејџерот Даниел Луис исчисти 25 тони ѓубре од својот град

пред 3 години

Тинејџерот Даниел Луис (17) исчисти 25 тони нелегално фрлено ѓубре во неговиот роден град Мертир Тидфил во Велс. Тој доби национална награда за неговата работа со справувањето со отпадот во градот.

Неговата кампања за расчистување на ѓубрето вклучува инсталирање видео надзор за да се фатат прекршителите и да се обезбеди почиста околина. Идејата потекнала откако и покрај зголемените поплаки во градот, луѓето продолжиле да фрлаат отпад кај ќе стигнат, најчесто покрај патиштата во природа на кои нема надзор. Кога ја добил наградата Даниел рекол дека му здосадило да го гледа отпадот што го опкружува неговиот роден град и во време на локдаунот решил да стори нешто околу тоа, па почнал сам да ги чисти улиците.

Неговата иницијатива поттикнала уште неколку млади луѓе да почнат да го собираат отпадот и се справуваат со проблемот со кој градот се справува со години, пишува „Би-би-си“.

Share
Scroll to Top