Шеснаесетгодишниот Рамешбабу Прагнанандаа го победи светскиот шампион во шах Магнус Карлсен и ја освои титулата на мастерсот во Ертингс. Светските медиуми пишуваат дека победата на Прагнанандаа е едно од најголемите изненадувања во светот на шахот во последните неколку години.
Несвојствено за неговата возраст и неговото искуство, тинејџерот од Индија останал ладен и прибран, додека светскиот шампион грешел и загубил.
Тоа е прва победа за Прагнанандаа над Карлсен и тој стана најмладиот играч кој го победил Карлсен откако суперѕвездата стана светски шампион во 2013 година.