„Тоа беше само несреќа“ - иранскиот трилер ја доби Златната палма на Канскиот фестивал

„Тоа беше само несреќа“ – иранскиот трилер ја доби Златната палма на Канскиот фестивал

пред 11 часа

„Тоа беше само несреќа“ (It Was Just an Accident)  – филм на иранскиот режисер Џафар Панахи е годинешниот добитник на Златната палма, главната награда на Канскиот филмски фестивал.

Панахи, кој неколку пати беше апсен поради неговата режисерска работа, последен пат лично присуствуваше на фестивалот во 2003 година, кога неговиот филм Crimson Gold беше прикажан во категоријата Un Certain Regard.

„Уметноста ја мобилизира креативната енергија на најскапоцениот, најживиот дел од нас. Тоа е моќта што ја претвора темнината во простување, надеж и нов живот“, рече претседателката на жирито Жулиет Бинош при објавувањето на наградата.

„Тоа беше само несреќа“ со приказната го следи Вахид кој киднапира човек со вештачка нога кој изгледа исто како оној кој го мачел во затвор и му го уништил животот. Вахид и другите преживеани затвореници се обидуваат да утврдат дали ова е навистина нивниот мачител и што да прават со него.

Гран-при, второто највисоко признание по Златната палма, му беше доделено на филмот Сентиментална вредност на угледниот режисер Јоаким Трир.

На 78. Кански филмски фестивал се натпреваруваа 22 филма, а меѓу нив беа и филмовите на познати режисери како Ричард Линклејтер, Вес Андерсон и браќата Дарден.

Share
Scroll to Top