Том Круз сака да ја снима Невозможна мисија и на 80 години, ако може Харисон Форд, можам и јас

Том Круз сака да ја снима Невозможна мисија и на 80 години, ако може Харисон Форд, можам и јас

пред 11 месеци

Том Круз сака да го снима продолжението на „Невозможна мисија“ и на 80 години. Рече дека ако можел на тие години да глуми Харисон Форд, можел и тој.

Круз во седмиот дел од франшизата, рече дека годините биле само бројка, а на неодамнената промоција на филмот во Австралија беше јасен дека нема намера да се повлече од улогата на ликот на Итан Хант.

„Харисон Форд е легенда, се надевам дека ќе продолжи. Имам 20 години да стигнам и јас до таму. Се надевам дека ќе продолжам да го снимам филмот, додека не стигнам на негова возраст“, рече Круз за „Сидни морнинг хералд“.

Харисон Форд на 80 години го сними петтиот дел од франшизата за Индијана Џонс наречен Indiana Jones and the Dial of Destiny.

Круз во снимањето на Mission Impossible: Retribution – Part 1 наиде на големи пречки. Прво, снимањето беше прекинато поради пандемијата. Потоа се пресели од „Варнер брос студио“ во филмското студио „Лонгкрос“.

„Ништо не земам здраво за готово кога ги снимам овие филмови, особено во тој временски период, многу сум горд на она што го направивме сите заедно“, изјави Том Круз на премиерата на филмот во Лондон.

Share
Scroll to Top